Основање

Основач на ТАБ МАК ЕКО е ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип - производител на индустриски и автомобилски акумулатори.

ТАБ МАК ДООЕЛ, Пробиштип е единствената компанија која произведува олово-киселински акумулатори во Република Северна Македонија. На домашниот пазар пласира само еден дел од своите производи.

Во 1973 година е основана фабриката за производство на олово киселински акумулатори под називот Фабрика за Акумулатори „Злетово“, Пробиштип, којашто започна со производство во 1976 година. Фабриката неколку пати ја менуваше сопственичката структура, а соодветно на тоа и името, а во 2012 година, откако словенечката компанија ТАБ откупи 85% од акциите, фабриката за акумулатори во Пробиштип е преименувана во ТАБ МАК ДООЕЛ. ТАБ е во моментов единствен сопственик на ТАБ МАК ДООЕЛ, Пробиштип. Во склоп на ТАБ МАК ДООЕЛ, Пробиштип е и погонот за рециклирање, односно производство на олово од секундарни извори, меѓу кои и отпадни акумулатори. Фабриката е сертифицирана и работи во склад со стандардите ISO 9001 и ISO 14001.