Друштвото за управување со отпадни батерии и акумулатори “ТАБ МАК ЕКО” ДООЕЛ ПРОБИШТИП е самостоен постапувач, е производител кој самостојно ги извршува обврските за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад врз основа на дозвола за самостоен постапувач за управување со посебен тек на отпад издадена од стручниот орган согласно со одредбите на Законот за проширена одговонрост на производителот за управување со посебните текови на отпад.
Непрофитно правно лице, чија цел е спроведување на активностите за управување со посебен тек на отпад заради остварување на проширена одговорнсот на Производителите во својство на Основачи/Содружници кои се негови членови.
Друштвото за управување со отпадни батерии и акумулатори ТАБ МАК ЕКО ДООЕЛ ПРОБИШТИП е општествено одговорна компанија, заедно со своите членови, интензивно ќе работи на организирање на системот за управување со отпад од отпадни батерии и акумулатори, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни центри, превземање на низа активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање.
Се ова со цел, постигнување на Националните цели:
- за преработка и повторна употреба на отпадните батерии и акумулатори ,
- намалување на можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина.