Една од целите на ТАБ МАК ЕКО е да даде придонес во подигањето на јавната свест за значајноста на еколошки прифатливо рециклирање на олово-киселонските акумулатори. Акумулаторите секојдневно се користат, особено во патничките возила, но и во индустријата како стартер акумулатори моторите со внатрешно согорување, нужно светло во случај на прекин на електрично напојување, UPS единиците и сл.
Преносните батерии и батериите во вид на копче сé повеќе се користат во секојдневниот живот, главно поради тоа што сé повеќе се присутни уреди во кои тие се употребуваат (компјутери, мобилни телефони, таблети и сл.).
Токму затоа, планот е насочен кон сите субјекти кои на било кој начин доаѓаат или можат да дојдат во контакт со олово – киселински акумулатори и батерии, а пред се кон:
- Крајните корисници (вклучително и децата на школска возраст),
- Трговците,
- Формалните и неформалните собирачи на отпадни акумулатори
За остварување на целите за подигање на јавната свест во врска со постапувањето со отпадни олово киселински акумулатори, самостојниот постапувач ќе ги спроведува следниве активности кои се предвидени во Програмата за 2022
Се настојува да се постигнат следниве цели: